Невообичаено откритие: Женките змии имаат клиторис

Сподели со своите пријатели

Австралиските научници утврдиле дека женките змии имаат клиторис, јавува Би-Би-Си, во истражувањето кое ги дало првите точни анатомски описи на гениталиите на женските змии.

Loading...

Пенисите на змиите се проучувани со децении, но женскиот генитален орган е занемарен.

Меган Фолвел, докторант и главен истражувач, рече дека клиторисот се наоѓа во опашката.

Змиите имаат два поединечни клиториси, разделени со ткиво и скриени на долната страна на опашката.

Органот со двојни ѕидови се состои од нерви и црвени крвни зрнца, а ткивото е слично на еректилно ткиво.

Фолвел рече дека го започнала истражувањето бидејќи претходното истражување немало смисла за неа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија сака да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години, експертите поделени

„Знам дека [клиторисот] постои кај многу животни и нема смисла да не постои кај сите животни“, рече таа.

Проучени се 9 видови

Нејзиниот тим потоа го тестирал ова на различни змии, сецирајќи вкупно девет видови.

Loading...

„Досега, научниците веруваа дека сексот кај змиите главно се однесува на принуда и дека мажјакот ја принудува змијата да се парат“, вели Фолвел.

„Но, сега со откривањето на клиторисот, можеме да почнеме да гледаме повеќе кон заведување и стимулација при парењето на змиите“, се вели во извештајот.

Таа забележала дека кај некои видови змии клиторисот е кревок и особено мал – помалку од милиметар.

Исто така, преовладувало верувањето дека женките змии имаат помала верзија на машките гениталии, како што е случајот со гуштери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците објавија доказ дека нашата планета веќе се прегрева

Така, во некои претходни студии за интерсексуални змии, научниците погрешно го означиле пенисот како клиторис.