Неволји за Полска: Покрај милион евра дневно, ЕУ бара дополнителни казни

Сподели со своите пријатели

Европската комисија бара Полска да плати 70 милиони евра казни поради контроверзниот систем кој вклучува дисциплински мерки против судиите.

Loading...

Портпаролот на Европската комисија изјави дека Комисијата добила ново објаснување од Полска во врска со системот што го применува оваа земја.

Според претходниот договор, Полска имаше рок до 11 јануари да поднесе план на ЕК кој вклучува детали за тоа кога и како планира да го распушти дисциплинскиот совет на Врховниот суд, тело за кое се смета дека не е во согласност со правилата на ЕУ.

„Европската унија има начини да обезбеди плаќање на казните и од Полска“, рече портпаролот.

Варшава претходно одби да ја спроведе одлуката на Европскиот суд на правдата, која се однесува на распуштање на дисциплинскиот совет, поради што оваа земја треба да плаќа по милион евра на дневна основа.

„Доколку одговорот на Варшава не ја задоволи Комисијата, извор од Европската комисија изјави дека Брисел ќе испрати фактура до Варшава со рок на плаќање од 45 дена. Дотогаш казната би била околу 70 милиони евра, а повик за казни треба да следи наскоро.

За целиот случај зборуваше и заменик-министерот за правда на Полска, кој минатата недела ја обвини Европската унија за незаконски барања и уште еднаш нагласи дека Полска нема да попушти пред уцените на Брисел.