Човек кој минал 45 години во затвор поради убиство кое не го направил ќе добие милион и пол долари како компензација.
Ричард Филипс (73) осуден е и затворен во 1972 година и следните четири децении ги минал тврдејќи дека е невин.
Конечно минатата година бил ослободен од обвинение, откако било откриено дека Филипс всушност немал никаква вина во убиството.
По законот на државата Мичиген, луѓето ослободено од вина можат да бараат до 50.000 долари по година мината во затвор.
Во овој случај, тоа би изнесувало 2,25 милиони долари, но властите го намалиле износот за 15 години, колку што изнесувала казната на Филипс за вооружен грабеж кој го направил во моментот на убиството.
– Само сакам да го продолжам својот живот, да патувам и уживам во животот. Тоа е се што некогаш сум го сакал, рекол Филипс за Детроит њуз, додавајќи дека плановите за иднина вклучуваат и сликање.
Додека ја злужел казната во затворот, Филипс започнал да слика и се испоставило дека е прилично талентиран, а по пуштање од затворот минатата година се издржувал од тоа.
– Всушност, никогаш не сум помислил дека ќе бидам ослободен. Уметноста беше начин да го сочувам разумот, рекол тој за АП.
За тежината на фактот дека минал 45 години во затвор станал свесен кога од него излегол.
– Пропуштив многу затоа што бев затворен за злочин кој не сум го сторил. Не ги гледав децата како растат, а мајка им почина. Кога ќе погледнам назад како да сум го преживал затворот, навел Филипс.