Невиден висок скок на цената на металите значајни за стопанството

Сподели со своите пријатели

Цената на никелот на Лондонската берза за метали (LME) денеска надмина 100.000 долари за тон, достигнувајќи невидено ниво за прв пат досега.

Loading...

Цената на овој метал скокна за неверојатни 110,8 отсто, на 101.350 долари за тон, пренесува Тас с.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

Никелот од почетокот на трговската недела бележи пораст на цената за речиси 3,5 пати, се додава во информацијата.

Во тргувањето до 09:30 часот по московско време, цената на никелот благо падна на 85.000 долари за тон, намалувајќи го растот на 76,8 отсто.

Цената на железната руда го надмина нивото од 150 долари за тон. Поголемата градежна активност, по правило, значи и поголемо производство на челик, што пак ја зголемува побарувачката на железна руда.

Loading...

 

Руско Министерство за одбрана: Нашата армија уништи 258 воени објекти во Украина

 

Повеќе работа, повеќе челик. Тоа влече и цени. Имено, челикот веќе е купен за 3 долари повеќе при набавка. Што значи во пракса, на пример, 350 евра повеќе по една зграда во која оди најмногу челик.