Повеќето невести сакаат да се сеќаваат на секој детал од нивниот посебен ден, но една неодамна рече дека толку се опила на денот на нејзината венчавка што веќе била „мртва“ до 18 часот и не знаела што зборува или не се сеќава.
Корисничката на ТикТок, Кејли, држејќи чаша шампањ во своето видео, демонстрирала како се тргнало наопаку, додека во венчаницата вели: „Ќе пијам само една, нема да бидам пијана на свадбата…“
Сепак, таа не испила само една чаша, а нејзиниот нов сопруг морал да ја спречи да падне за време на нивниот прв танц како брачен пар…
По неколку чаши шампањ, вели тој, таа дури и танцувала боса, а младоженецот не бил воодушевен од нејзиното однесување.
Нејзиното видео собра над два милиони прегледи, а повеќето беа воодушевени од нејзината искреност.
„Ми звучи како добра свадба! – напишал еден следбеник, но имало и такви кои не се согласувале со него.
– Ќе ми биде жал ако ми се случи на свадба бидејќи секоја секунда ми беше драгоцена – сподели една жена.
– Би се срамел… – додал уште еден, пренесува The Sun.
@kayleigh_in_real_lifeAnswer im_siowei #MyBrawlSuper #ImTheMainCharacter #spotifywrapped #mostviralvideo #fypシ #BIGASYOOX #viral #viralvideo #wedding #fyp #fy #drunk