Мајка и дете во колички за чудо преживеале откако паднале на шини во лондонското метро, непосредно пред доаѓањето на возот, криејќи се во просторот змеѓу нив, известила во сабота британската полиција.
На станицата „Бејкер стрит“ најпрвин мајката, која туркала количка, паднала од платформата, повлекувајќи ги со себе и количките со детето, а потоа и таткото скокнал по нив за да им помогне.
– Кога видеа дека им се довлижува возот влегоа во вдлабнатините помеѓу шините и возот помина над нив. Неверојатно е што никој од нив не е потешко повреден, но за секој случај пренесени се во болница, стои во соопштението на полицијата.
СЕЛФИ НА СМРТТА: Позираше, покажа со прст кон возот, а потоа следуваше ХОРОР (видео)

