НЕВЕРОЈАТНО: Во стан од 100 квадрати имаат дури 444 новогодишни елки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Томас Јероним од Ринтелн, гратче во Германија, го обожава Божиќ. Тоа го докажува и неговото украсување на домот за празниците оваа година.

Тој и неговата сопруга Сузана секоја година го украсуваат секој агол од нивниот стан од 100 квадратни метри. Лани во станот имале 420 елки, а годинава уште повеќе, дури 444 украсени елки.

 

 

Го украсиле дури и тоалетот, а Германскиот институт за рекорди им доделил признание за станот со најмногу украсени новогодишни елки, пишува порталот ГДР.

Станот има дури 300 светилки, 10.000 лампиони и разни тематски украси, како патки на бор или украси од Војна на ѕвездите.

„Здраво, јас се викам Томас Џеромин, имам 55 години и навистина го држам светскиот рекорд за најмногу новогодишни елки на едно место“, изјави овој Германец.

 

 

Така станот го уредуваат веќе десет години.

Реновирањето на станот ќе започне во август. Најголемата елка во станот е висока 3,5 метри и виси од таванот.