НЕВЕРОЈАТНО: Изнајмувала кози за состаноци на ЗУМ, па заработила големи пари

Сподели со своите пријатели

Британката од Роузендејл направила неверојатна деловна активност од целосна шега.

Loading...

Имено, Дот Мекарти (32) дала смешен предлог за изнајмување кози за состаноци преку апликацијата Зум за време на карантин, а не ни сонувала дека ќе заработи скоро 60.000 евра.

Оваа сточарка вели дека многу луѓе нуделе пари за нејзините кози и целото стадо да се појавуваат на разни состаноци.

 

 

Ова ѝ овозможи на нејзината фарма да продолжи да работи и нема да има отпуштања. Исто така ѝ помогнало да ги покрие трошоците. Таа изјави дека секако е позабавен начин да заработите пари во споредба со продажбата на ѓубриво.

Дополнителен приход на оваа Британка е всушност изнајмување простор за училишни патувања и свадби, но поради пандемијата, тоа не било можно оваа година.

Loading...

Дот го презела бизнисот од нејзината мајка пред околу 5 години, а во времето на пандемијата дошла до идеја да изнајмува кози за состаноци преку Зум.

 

 

Имено, за време на состанокот, козата неочекувано би се појавила на состанокот и би се случило изненадување. Постапката за изнајмување е следна: плаќате 5 фунти (скоро 6 евра), козата се приклучува на состанокот и има помош од луѓе од фармата.

Мекарти била прилично шокирана што нешто што требало да биде само шега, станало деловен успех и многу профитабилно. Таа објавила понуда на веб-страницата на нејзината фарма во април минатата година за да ги насмее луѓето. Потоа започнал карантин во Велика Британија.

Како што вели, мејловите ја чекале наутро, и тоа многу – околу 200. Кози од нејзиното стадо се појавиле низ целиот свет – од Кина, Австралија, Русија и САД.

 

Loading...

 

Имало разни интересни авантури, а Дот раскажува дека едно семејство изнајмувало иста коза секоја недела и дека сега станале пријатели и дека ниту една семејна покана не може да помине без неа.

Како што вели, овој начин на заработка е полесен и позабавен.

Leave a Reply