НЕВЕРОЈАТНО: 45 отсто од Русите се откажале од алкохолот за време на пандемијата

Сподели со своите пријатели

За разлика од остатокот на светот, каде потрошувачката на алкохол во карантин значително се зголеми како резултат на пандемијата на коронавирусот, во Русија се случи спротивното. Многумина решија да пијат помалку и да се хранат поздраво.

Loading...

Според неодамнешното истражување на Центарот за истражување на навики на потрошувачи „Роскачество“ и податоци за онлајн промет на производи, за време на изолацијата поради Ковид-19, Русите значително ги сменија навиките за купување и се определија за многу поздрав избор на храна и пијалоци.

Русите не играат бејзбол, но годишно купуваат 500.000 бејзбол палки (ВИДЕО)

Истражувањето спроведено кон крајот на април покажа дека 45% од Русите се откажале од алкохол, 38% се откажале од слатки, а 35% престанале да купуваат колбаси.

Исто така, интересен е фактот дека постарите потрошувачи се определиле за поздрав начин на живот и исхрана, бидејќи две третини (67%) од анкетираните над 55 изјавиле дека го положиле шишето.

Истражувањето, исто така, укажа на малку чудна регионална разлика, откривајќи дека во 39 проценти од населението во јужна Русија решиле да се откажат од риба. Во регионот на Северен Кавказ, само шест проценти престанале да купуваат свеж зеленчук.

Русите и алкохолот не се добра комбинација (ГАЛЕРИЈА)

Севкупно, 35 проценти изјавиле дека нивните трошоци за јадење се намалиле уште од почетокот на изолацијата, а истиот број луѓе рекле дека им се зголемиле.

Loading...

Во почетокот на април, извештаите ги пренесоа податоците од даночниот оддел кои покажуваат дека продажбата на вотка паднала за 41 процент во првата недела од април.

Leave a Reply