Мистериозни, збунувачки, понекогаш и страшни: Соништата се сето тоа и многу повеќе. Еве 20 неверојатни факти за соништата за кои (можеби) не сте слушнале.
1. Додека сонувате не можете да читате или да видите колку е часот
Ако не сте сигурни дали сонувате или не, пробајте да прочитате нешто. Мнозинството луѓе се неспособни да читаат во сон. Истото е и за часовниците: Секој пат кога ќе погледнете во часовник, тој ќе ви покажува различно време. Според луцидните сонувачи, стрелките на часовникот ќе бидат неподвижни.
2. Луцидни соништа
Има цела група луѓе кои практикуваат луцидни, или свесни соништа. Користејќи најразлични техники, овие луѓе научиле да ја преземаат контролата над нивните соништа и прават неверојатни работи, како летање, минување низ ѕидови и патување низ различни димензии, па дури и враќање назад во времето.
3. Пронајдоци инспирирани од соништата
-
Соништата се одговорни за дел од најголемите изуми на човештвото. Некои од нив вклучуваат:
-
Идејата за Гугл – Лери Пејџ
-
Генератор за наизменична струја – Никола Тесла
-
Двојната спирала на ДНК – Џејмс Вотсон
-
Машина за шиење – Елајас Хау
-
Периодичниот систем на елементи – Димитри Менделеев
… и многу, многу други!
4. Пророчки соништа
Постојат неверојатни случаи каде што луѓето сонувале работи што подоцна им се оствариле потполно исто како во сонот. Би можеле да кажеме дека ѕирнале во иднината, или пак дека можеби станува збор за едноставна случајност. Сепак, ова останува како интересен и чуден феномен. Некои од најпознатите пророчки соништа се:
-
Абрахам Линколн го сонувал своето убиство
-
Многу од жртвите од бомбардирањето на кулите Близначки имале предупредувачки соништа за оваа катастрофа
-
Марк Твен ја сонувал смртта на неговиот брат
-
Постојат 19 потврдени пророчки соништа за потонувањето на Титаник
5. Парализа во сонот
Пеколот постои и е наречен парализа во сонот. Тоа е вистински кошмар. Две од карактеристиките на овој феномен се неспособноста за мрдање (парализа) и чувството дека има нешто многу злобно во собата со вас. Чувството е многу реално. Студиите покажале дека за време на напад, луѓето кои страдаат од овој феномен покажале зголемена активност на амигдалата. Амигдалата е одговорна за инстинктот „брани се или бегај“ и за емоциите како страв, терор и анксиозност.
6. РЕМ нарушување
Во РЕМ (rapid-eye-movement) фазата вашето тело е парализирано. Во ретки случаи луѓето почнуваат да ги глумат нивните соништа. Резултатот на ова се скршени раце и нозе, скршена покуќнина, и во барем еден случај, изгорена куќа.
7. Сексуални соништа
Овој феномен е многу добро документиран. Наједноставно кажано, сексуално се возбудувате во вашиот сон. Всушност, студиите покажале дека мажите добиваат до 20 ерекции во текот на само еден сон.
8. Неверојатните месечари
Месечарењето е многу ретко и понекогаш опасно нарушување. Тоа е екстремен случај на РЕМ нарушување, и луѓето кои месечарат не само што ги одигруваат нивните соништа, туку имаат цели авантури во текот на ноќта. Ли Хадвин е болничар, но во неговите соништа тој е уметник. Тој додека месечари црта прекрасни портрети за кои наредниот ден нема сеќавање. Чудни авантури на месечари вклучуваат и:
-
Жена што има сексуални односи со странци
-
Маж што возел 20-тина километри и го убил својот братучед
-
Месечар си излегол од прозорот на третиот кат, и едвај преживеал