Неверојатната моќ на една жена: Не ѝ треба возачка дозвола, а ги поседува и сите лебеди и делфини

Сподели со своите пријатели

Дали знаевте дека на кралицата Елизабета не може да ѝ се суди? Дека има личен поет, кој е платен во алкохол и дека таа е сопственик на сите лебеди во Британија?

Loading...

Точно е дека улогата на кралицата на Велика Британија е претежно церемонијална, но Елизабета Втора сепак има голема моќ.

Некои аспекти на таа моќ се показател дека светот сè уште не се откажал од монархијата, а некои во најмала рака се бизарни.

 

 

Кралицата е сопственик на сите лебеди на Темза

Технички, сите необележани лебеди ѝ припаѓаат на кралицата, иако круната ја покажува својата улога само во одредени делови на Темза.

Loading...

Денес, оваа традиција се рефлектира во единствениот обичај на фаќање и прстенување на лебеди, кои потоа повторно се испуштаат во дивината. Тие се „ловени“ од експерти облечени во традиционални униформи придружени со официјален маркер.

 

 

Кралицата е сопственик на сите делфини во британските води

Сите китови и делфини кои пливаат околу Островот се во сопственост на круната, според одлуката од 1324 година, кога со Велика Британија управувал Едвард Втори.

Кралицата може да вози без возачка дозвола

Возачките дозволи се издаваат во име на кралицата и таа останува единствената личност во Велика Британија на која не и е потребна возачка дозвола, ниту пак нејзиниот автомобил мора да има регистарски таблички.

Loading...

Кралицата е многу добра зад воланот, бидејќи научила да вози за време на Втората светска војна, кога возела амбулантно возило. Благодарение на добрата обука, таа може да замени и свеќички.

 

 

Кралицата има два родендени

Кога сте монарх на една држава, еден роденден не е доволен. Официјалниот роденден на кралицата се слави една сабота во јуни, иако нејзиниот вистински роденден е 21 април.

Кралицата поседува приватен банкомат

Во подрумот на Бакингемската палата е инсталиран банкомат од чисто практични причини. Кралицата има картичка од банката Коутс, една од најпрестижните во Велика Британија.

Loading...

 

 

Кралицата има личен поет

Петот лауреат е почесна титула доделена од Британското друштво на поети „чие дело е од национално значење“. Кога титулата за првпат била воведена, поетот на кралицата добивал 200 фунти годишно и шише вино. Сега лауреатот добива буре шери.

Кралицата има можност да ја собори австралиската влада

Loading...

Бидејќи таа е исто така на чело на Австралија, кралицата има одредена супериорност над владата на таа земја.

На пример, во 1975 година, претставникот на кралицата во таа земја, сер Џон Кер, го отпуштил премиерот, а три часа подоцна парламентот. Изборите требаше да се спроведат во целост.

Покрај Британија и Австралија, кралицата владее со Антигва и Барбуда, Бахами, Барбадос, Белизе, Канада, Гренада, Јамајка, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Сент Китс и Невис, Сент Луција, Сент Винсент и Гренадини, Соломонските Острови и Тувалу.

Сите тие земји се членки на Комонвелтот, односно поранешна британска колонија.

 

Loading...

 

Таа е исто така на чело на црквата

Кралицата Елизабета Втора е исто така на чело на Англиканската црква, основана од кралот Хенри VIII по одвојувањето од католицизмот во 16 век.

Нејзината официјална титула е „бранител на верата и врховен владетел на Англиканската црква“. Исто така, има моќ да назначува бискупи и архиепископи.

Loading...

Интересно е што наследниците на круната не можат да бидат од други религии. На пример, ако принцот Чарлс сакал да премине во ислам, тој не може да го наследи тронот.

 

 

Кралицата има и одредени историски права и привилегии. Еве неколку од нив:

Војводата од Атол мора да посипе рози по патеката по која кралицата оди секогаш кога тоа ќе го побара од него. Последен пат тоа се случило за време на владеењето на кралицата Викторија. Не е познато дали розите мора да бидат со одредена боја.

Loading...

Ако кралицата помине покрај замокот Кидвели во Велс, чуварот мора да и понуди заштитник во полн оклоп. За волја на вистината, замокот е руина, затоа ова правило не важи.

Сопственикот на Фолис мора да достави, на барање, снежна топка среде лето.

Градот Глостер плаќа за користење на кралската земја правејќи џиновска пита со јагула.

 

Loading...

Leave a Reply