Снимката од октопод што ја менува бојата додека спие го воодушеви интернетот, а научниците веруваат дека тоа се случува затоа што таа сонува.
Сцената е создадена како дел од документарниот филм „Octopus: Making Contact“ и е претставен октопод што спие во аквариум.
Додека спие, бојата на кожата се менува од сива, кон жолта до скоро невидлива, бидејќи се камуфлира во океанот.
Биологот Дејвид Шил вели дека може да укаже на тоа дека октоподот сонува.
– Ако тој сонува, ова е драматичен момент. Скоро може да раскаже приказна како се менува бојата, можеме да го раскажеме нејзиниот сон. Кога гледа рак, нејзината боја почнува да се менува малку, а потоа станува доста темна – тие го прават тоа кога го напуштаат морското дно. Ова е комуфлажа, се чини дека штотуку фатила рак и сега сака да го јаде во мир, не сака никој да го забележи тоа. Обично не го гледате ова кога животното спие. Ова е навистина фасцинантно“, рече тој.