Откако започна породувањето, на 23-годишната Бетани Колинс и бил даден Питоцин, синтетички хормон кој помага во стимулирање на мускулите на матката и предизвикување контракции, за да се забрза породувањето.
Сепак, и покрај ова, грлото на матката на Бетани сè уште не се отворало. Доживеала силни контракции, а бидејќи пулсот на бебето во тој момент паднал, таа се одлучила за епидурална.
Откако притискала со сета сила, Бетани почувствувала силен притисок во левото око и сфатила дека нешто не е во ред.
– Слушнав пукање и го прашав докторот „дали моето очно јаболко сѐ уште е во мојата глава? – вели Бетани, на што докторот одговорил дека окото ѝ е на место.
Но, откако ги отворила очите, сè било матно. Чувствувала силен притисок во левото око, но сепак продолжила да турка.
– По породувањето докторот го однесе бебето да ја прегледа. Го прашав мојот сопруг „дали навистина очното јаболко ми е во мојата глава?“ – вели таа.
– Не може да биде затоа што чувствувам голем притисок во левото око и едвај гледам нешто. Рече дека окото дефинитивно повеќе штрчи од десното око, но дека не е толку лошо – раскажала таа.
Додека ја шиел, докторот на Бетани забележал дека вакво нешто досега не видел да се случи, па решил да повика оптометрист да го погледне окото.
– Му реков дека не ме боли, но тој само продолжи да ме гледа во очи. Донесе други млади доктори и сите ме прегледаа. Дефинитивно бев тема на сите разговори тој ден“, рече Бетани.
– Мојата слатка медицинска сестра ме праша дали сакам фластер за очи за да можам да гледам со другото око без мешање. Ми донесе пакет прекривки за брадавиците и ми залепи една на окото – рече таа.
По 10 минути, окото на Бетани почнало уште повеќе да ѝ ѕирка, а ситуацијата продолжи да се влошува преку ноќ.
– Следниот ден, оптометристот повторно ме прегледа и искоментира дека вакво нешто досега не видел – рече таа, додавајќи дека „конечната пресуда била дека тоа е поради големиот притисок од силата на притискањето, а и рекоа да почекам и да видет дали окото ќе се врати назад во шуплината.
По две недели забележала подобрување, но и модринка како се формирала околу окото.
За среќа, окото на Бетани оттогаш се вратило во шуплината и нормално гледа. Таа денес ужива во животот на својата новопечена мајка, малата Фиби Бел.
– Ми требаа шест недели за конечно моето око да се врати на своето место и да се изедначи со другото, но за тоа време бев убедена дека никогаш повеќе нема да биде исто. Сега работите се супер, бидејќи имам прекрасно двомесечно бебе и две нормални очни јаболка – заклучила таа.
Во видео споделено преку TikTok, Бетани зборуваше за нејзините дополнителни маки за време на породувањето, собрајќи повеќе од 1,9 милиони прегледи и 260.000 лајкови.
@clydestinks69 My doctor said, “wow, I’ve never seen this happen before! 🧐🤨” but now I have miss Phoebe 💗 & yes, my eye went back 6 weeks later 🥳 #greenscreen #fyp #babiesoftiktok #pregnanttiktok #pregnant ♬ original sound – 🍄