Неверојатна сцена е снимена на улиците на Сан Франциско. Имено, една жена била фотографирана како ѕирка низ прозорецот на автомобилот додека држи, како што изгледа, АК-47, попознат како Калашников.
Полициската управа во Сан Франциско објави фотографија од жена, која ѕирка низ прозорецот на совозачкото седиште во автомобил во движење, со пушка во рацете.
Полицијата соопшти дека е запленет кадилакот во кој се возела, но не соопштуваат детали што се случило со патниците.
Исто така, не е познато дали жената или лицето зад воланот се уапсени, или се соочуваат со обвинение во врска со инцидентот.
On 7/11/2021, During an illegal exhibition of speed event at Barneveld & McKinnon, a passenger leaned out of a Cadi holding an AK47; see photo. SFPD Traffic Company personnel worked up a case, and seized this particular vehicle today. @SFPD @sfmta_muni @SFPDPerea pic.twitter.com/4disQpzziY
— SFPDTrafficSafety (@SFTrafficSafety) August 5, 2021
Како што можете да претпоставите, фотографијата привлече големо внимание на социјалните мрежи.
„Ова изгледа како трејлер за филм или видео игра“, „Ова не може да биде реално, дали можеби снимале филм?“, се само некои коментари од шокирани граѓани.
Фотографијата е направена додека градот бележи голем скок во престрелки и напади во текот на првите месеци од 2021 година.
Според Фокс, градот забележал 119 истрели во првата половина од годината, наспроти 58 во истиот период минатата година.