Етна, најактивниот европски вулкан, ги изненади дури и искусните вулканолози во последните денови со спектакуларна ерупција на лава секоја вечер.
Етна исфрли лава до 1.500 метри.
Последната ерупција се случила вчера наутро, објави Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.
Повеќе од една недела, Етна редовно исфрла лава, пепел и вулкански карпи.
Блискиот аеродром во Катанија е привремено затворен.
Нема информации за материјални штети или повредени.
Етна е најактивниот европски вулкан, а последната ерупција многумина ја опишуваат како една од најспектакуларните во последните неколку децении.
Последната голема ерупција се случила во 1992 година.