Неуспешно лансирање на европската ракета „вега це“

Сподели со своите пријатели

По вчерашното неуспешно второ лансирање на најновата верзија на италијанската ракета „вега це“ од европскиот космодром во Француска Гвајана и загубата на два сателити за снимање на Земјата „Ербас“, ќе биде покрената истрага, најавија европските власти.

Loading...

Arianespace, кој беше задолжен за лансирањето, рече дека „аномалија се случила две минути и 27 секунди по полетувањето, со што заврши мисијата „вега це“, но не даде дополнителни информации.

Ќе биде формирана истражна комисија која ќе ги испита околностите на инцидентот.