Популарниот стриминг сервис Netflix планира да додаде нова функција. Оваа иновација треба да овозможи случаен избор на следното нешто што треба да се репродуцира, и се нарекува (барем засега) Shuffle Play.
Loading...
Тестирањето на оваа функција започна уште во јули, но за сега е достапно на ограничен број ТВ модели.
Како што стојат работите сега, со избирање на оваа опција, Netflix ќе ви понуди содржина слична на онаа што веќе сте ја гледале, пренесува tPortal.
На пример, можно е дека тоа ќе биде случајно избрана епизода од ТВ серија.
Тестирањето сè уште трае во неколку земји, со различни рокови на траење.
Netflix вели дека Shuffle Play ќе биде широко користен само доколку се покаже дека е навистина корисна функција.