Нетфликс ги стопира сите проекти поврзани со Русија

Сподели со своите пријатели

Нетфликс во моментов ги стопира сите телевизиски проекти поврзани со Русија поради нападот врз Украина, пренесува Variety, специјализиран портал за филм и филмската индустрија.

Loading...

Русија не се соочува само со економски санкции, туку и со бојкот на филмската и телевизиската индустрија.

Канскиот филмски фестивал во вторникот објави дека руските претставници нема да учествуваат на овогодинешниот фестивал доколку не заврши војната во Украина.

Тие планираа да емитуваат четири серии од Русија

Нетфликс сè уште размислува што да прави за актуелните настани во Источна Европа, со оглед на тоа што треба да произведе четири серии кои доаѓаат од Русија.

Популарниот сервис за стриминг сѐ уште нема објавено официјален коментар.

На почетокот на оваа недела, Нетфликс соопшти дека нема намера да додава државни канали на руската верзија на услугата, иако нејзините правила не забрануваат дистрибуција на такви канали.

Русија е една од 190-те земји каде што е достапен Netflix.

Loading...