Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека очекува војната против Иран нема да трае со години, како другите конфликти во регионот.

„Реков дека може да биде брза и одлучувачка. Можеби ќе потрае некое време, но нема да трае со години. Тоа не е бесконечна војна“, изјави Нетанјаху за Фокс њуз.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично предвиде дека војната ќе трае четири до пет недели, но со проширувањето на воените операции на Израел врз цели на Хезболах во Либан и иранските напади врз земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американските бази, тој изјави дека ова не е реален рок, пренесува Срна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Нема докази дека Иран развивал нуклеарно оружје