Нетанјаху во посета на Ердоган во Турција на крајот на месецот

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во рамките на неговата државна посета на Турција на крајот на месецот, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Loading...

Како што пренесува Ројтерс, односите меѓу Израел и Турција се затегнати повеќе од една деценија, а Анкара го протера израелскиот амбасадор по израелскиот напад на брод што превезуваше помош за Газа во 2010 година.

Односите меѓу двете земји почнаа да се подобруваат по посетите на високо ниво минатата година, вклучително и посетата на израелскиот претседател Исак Херцог на Анкара.