Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава откако претседателот Доналд Трамп го откри својот мировен план за Појасот Газа.
„Воопшто не, и тоа не е напишано во договорот“, рече Нетанјаху во видео објавено на неговиот профил на Телеграм, одговарајќи на прашањето дали „прифаќа палестинска држава“.
„Едно нешто беше јасно ставено до знаење (во разговорот со Трамп): ние цврсто ќе се спротивставиме на палестинска држава“, додаде Нетанјаху.
Планот за Газа презентиран од Трамп предвидува дека, на крајот, „конечно би можеле да се исполнат условите за да се отвори кредибилен пат кон самоопределување и воспоставување палестинска држава“.