Нетанјаху негира дека базата на ОН била намерно нападната

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека израелската армија намерно нападнала припадници на мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) и рече дека наводите се лажни.

Loading...

– Тоа е токму спротивното. Израел постојано бараше од УНИФИЛ да ни се тргне од патот. Постојано баравме привремено да ја напуштат зоната на борбени операции, која се наоѓа веднаш до границата на Израел со Либан – рече Нетанјаху, според Тајмс оф Израел.

Мисијата УНИФИЛ и европските земји, кои имаат околу 10.000 војници во Либан, објавија дека израелската армија неколкупати нападнала пунктови, при што полесно биле повредени пет војници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел уби девет членови на едно семејство во Нусејрат

– Кога ја почнавме копнената операција на границата со Либан, ги замоливме: Ве молиме напуштете ја оваа област за да не се повредите – рече Нетанјаху.

Тој го обвини Хезболах дека ги користи позициите на УНИФИЛ за да го нападне Израел оттаму.

– Тие напади, вклучително и вчерашниот, однесоа животи на многу Израелци – рече Нетанјаху, мислејќи на нападот со беспилотно летало во кој загинаа четворица израелски војници, а десетици беа повредени.

Најдобар начин да се осигура безбедноста на персоналот на УНИФИЛ е да го слушнеме нашето барање и привремено да се тргнеме од патот, изјави израелскиот премиер.