Нетанјаху не се откажува од реформите во судството, но ниту демонстрантите

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе продолжи со контроверзните судски реформи и покрај масовните протести низ целата земја и зголемените предупредувања од армиските резервисти дека нема да се пријават на должност и молбите од американскиот претседател да го прекине планот.

Loading...

Телевизискиот говор на Нетанјаху во ударните термини најверојатно ќе помогне во интензивирањето на уличните протести во наредните денови пред клучното гласање во израелскиот парламент (Кнесет) во понеделник.

Илјадници луѓе вечерва протестираа за време на закажаната „ноќ на отпорот“ со тапани и труби во Тел Авив, каде полицијата растера дел со водени топови, а други во поворка тргнаа кон Ерусалим, оддалечен 70 километри, каде што следната недела треба да гласа Кнесетот, а демонстрантите таму ќе кампуваат.

Говорот на Нетанјаху понекогаш звучеше помирувачки бидејќи тој рече дека ги разбира разликите во мислењата што длабоко ја подели земјата и понуди да бара компромис со политичките противници.

Сепак, тој изгледаше неумолив кога рече дека неговите противници се обидуваат да го соборат и ги нападна армиските резервисти кои најавија дека нема да се пријават на должност доколку се усвои планот за реформи.

„Одбивањето на воената служба ја загрозува безбедноста на секој израелски граѓанин“, рече Нетанјаху.

Членовите на Кнесетот во понеделник треба да го дадат конечното гласање за нацрт-законот со кој ќе се стави крај на овластувањето на Врховниот суд да ги укинува одлуките што ги смета за „неразумни“, што значи овластување за заштита од корупција и несоодветни назначувања на неквалификувани луѓе.

Предлог-законот за ограничувањето е еден од клучните елементи во планот за судски реформи на владата на Нетанјаху.

Loading...

Тој и неговите ултра-националистички и ултраортодоксни еврејски сојузници велат дека реформата е неопходна за да се намали прекумерната моќ на судиите кои не се предмет на јавни избори.

Критичарите велат дека законот ќе ја концентрира моќта во рацете на Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници и ќе го поткопа системот на контроли и рамнотежа меѓу гранките на власта.

Велат и дека Нетанјаху, кому му се суди за корупција, е во судир на интереси бидејќи ги менува судските прописи додека се занимава со нив.

Ова ја подели израелската јавност, а американскиот претседател Џозеф Бајден апелираше до Нетанјаху да го забави спроведувањето на планот и да постигне широк национален консензус пред да биде усвоен каков било закон за него.

Најголемата закана за планот за реформи се се погласните најави на воените резервисти дека нема да се пријават на должност доколку помине реформата, вклучително и борбени пилоти, командоси и членови на единиците за сајбер безбедност.

Израелските политичари и воени лидери предупредија дека тоа ќе ја загрози безбедноста на земјата, бидејќи столбот на израелската армија го сочинуваат резервисти кои служат доброволно.

Нетанјаху рече дека одбивањето да служат ги поткопува демократските институции на Израел бидејќи војската е подредена на владата, а не обратно.