Нетанјаху нареди преговарачкиот тим да остане во Доха и покрај застојот во преговорите

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му нареди на преговарачкиот тим да остане во Доха барем уште еден ден, и покрај застојот во преговорите за заложниците, објавија локалните медиуми.

Loading...

„Остануваме за да не ги навредиме САД. Не би било добро Израел да ја напушти Доха пред Хамас“, изјави израелски функционер, објави „Тајмс оф Израел“.

Телевизијата „Канал 13“ цитираше неименуван функционер кој изјави дека Нетанјаху ја донел одлуката за да покаже дека Израел „не е пречка во преговорите“.

Пред три дена, во Доха започна нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас, додека во исто време Израел започна широка копнена офанзива „Гидеонова кочија“ во Појасот Газа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Баро: Потегот на Израел да го олесни пристапот до помош за Газа е недоволен

Претставник на Хамас вчера изјави дека досега не е постигнат никаков напредок во преговорите. „Досега не е постигнат никаков пробив или напредок во тековните преговори во Доха поради континуираната израелска непопустливост“, изјави извор од Хамас за Би-Би-Си.