Нетанјаху на пат да се врати на власт

Сподели со своите пријатели

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, според резултатите од излезните анкети, на денешните парламентарни избори доби доволно поддршка за да може да се врати на власт.

Loading...

Излезната анкета на Канал 12 покажува дека десничарскиот православен блок предводен од Нетанјаху освои тесно мнозинство од 61 место во 120-члениот Кнесет.

Според тоа истражување, коалицијата, предводена од актуелниот премиер Јаир Лапид, освоила 55 мандати, пишува Тајмс оф Израел.

Слични резултати покажува и анкетата на израелскиот јавен сервис Кан, според која коалицијата на Нетанјаху освоила 62 места во парламентот, а на Лапид 54.

Поединечно, според таа анкета, Ликуд на Нетанјаху освои 30 места во Кнесетот.