Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе се кандидира на изборите во ноември 2026 година и дека очекува да победи.
Кога новинарите на израелскиот Канал 14 го прашаа дали ќе се кандидира на следните избори и дали очекува да победи, тој одговори потврдно.
Како лидер на најголемата десничарска партија во Израел, Ликуд, Нетанјаху го држи рекордот за најдолг мандат, откако беше на чело на израелската влада, повремено, повеќе од 18 години, од 1996 година.
Тој, исто така, изјави дека војната со Хамас ќе заврши кога ќе заврши втората фаза од мировниот договор за Газа, кој предвидува разоружување на движењето.
– Втората фаза вклучува разоружување на Хамас, или поточно демилитаризација на Појасот Газа и конфискација на оружјето на ова движење – изјави Нетанјаху за Канал 14.
Тој додаде дека се надева дека тоа ќе биде постигнато успешно и на едноставен начин, но ако тоа не е случај, тогаш ќе биде постигнато на „најгруб начин“, а потоа војната ќе заврши.