Нетанјаху: Израел сака да ја намали американската воена помош на нула

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева дека ќе ја „намали“ зависноста на Израел од американската воена помош во следната деценија.

Нетанјаху во интервју за „Економист“ објавено во петок изјави дека Израел не треба да биде зависен од странска воена помош.

„Сакам да ја намалам американската воена помош на нула во следните 10 години“, рече Нетанјаху, додавајќи дека Израел „многу длабоко“ ја цени воената поддршка што САД ја обезбедија во текот на годините.

Во декември, Нетанјаху изјави дека Израел ќе потроши 110 милијарди долари за развој на независна индустрија за оружје за да ја намали зависноста од други земји, објави „Танјуг“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светскиот поредок се урива. Што значи ова за Европа? Што е со НАТО? И дали сè уште има надеж?

Во 2016 година, владите на САД и Израел потпишаа меморандум за разбирање за следните 10 години, кој предвидува 38 милијарди долари воена помош, 33 милијарди долари грантови за купување воена опрема и 5 милијарди долари за системи за противракетна одбрана, објави „Ројтерс“.