Нетанјаху: Израел ги постигна сите цели пред да се согласи на примирје

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ги постигнал „сите цели“ во својата воена кампања против Иран, пред да се согласи на прекин на огнот.

Според соопштението на владата, Нетанјаху свикал состанок доцна во ноќта со членовите на кабинетот, министерот за одбрана и шефот на Мосад, каде што истакнал дека „Операцијата „Разбуден лав“ ги исполнила – па дури и ги надминала – своите цели.

„Израел елиминирал двојна непосредна егзистенцијална закана – и во нуклеарниот и во ракетниот домен“, се вели во соопштението.

Нетанјаху тврди дека израелската војска „добила целосна контрола врз воздушниот простор на Техеран, нанела тешки удари врз воените структури и уништила десетици клучни цели на иранската влада“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Американските напади врз Иран го ставаат светот во голема опасност

„Во светлината на достигнувањата од операцијата и во целосна координација со претседателот Трамп, Израел се согласил со предлогот на претседателот за билатерален прекин на огнот“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава дека Израел „ќе одговори силно на секое кршење на прекинот на огнот“.