Нетанјаху: Израел е во војна, непријателот ќе плати!

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека државата Израел е во војна.

Loading...

Тој се огласи во јавноста со видео порака на социјалната мрежа Х.

Неговата изјава е цитирана во целост, според преводот на агенцијата Ројтерс:

„Граѓани на Израел. Ние сме во војна – не операција, не ескалација – туку војна. Утрово Хамас изврши убиствен изненаден напад врз државата Израел и нејзините граѓани. Во таа ситуација сме од рано наутро. Ги повикав лидерите на безбедносниот систем, пред сè дадов инструкции да се исчистат населбите од инфилтрирани терористи – оваа акција се спроведува токму сега“, рече тој.

„Во исто време, наредив масовно мобилизирање на резервите и контра-војна на сила и размери што непријателот никогаш не ги знаел. Непријателот ќе плати цена што никогаш не ја знаел. Во меѓувреме, ги повикувам сите граѓани на Израел строго да се придржуваат до упатствата и инструкциите на армијата. Во војна сме и ќе победиме“, рече тој.