Нетанјаху: Израел е во тешка војна која ќе биде долга

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја е во тешка војна која ќе биде долга, но вети дека Израел ќе победи, пренесува Танјуг.

Loading...

„Ние сме во тешка војна. Тоа ќе биде долга војна која повлекува значителни достигнувања, но и болни загуби“, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Тој додаде дека целата израелска нација е со своите војници „во време на голема тага“.

„Нашите војници паднаа во неправедна војна, војна за куќата. Ви ветувам, граѓани на Израел: ќе продолжиме до победа“, рече Нетанјаху.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студија: Бројот на загинати во Газа е потценет за 41%