Нетанјаху: Израел е подготвен за копнена операција во Газа, имаме две цели

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен за копнена операција, но не откри кога и како ќе се случи.

Loading...

„Ние сме на врвот на борбата за опстанок“, рече Нетанјаху во телевизиското обраќање до нацијата.

Тој изјави дека Израел има две цели пред себе – да го уништи Хамас и да ги ослободи заложниците кои ги држеше Хамас.

Тој рече дека одлуката за тоа кога војската ќе влезе во Газа ќе биде донесена на состанок на владиниот воен кабинет, пренесува Ројтерс.

Израелскиот премиер повторно ги повика палестинските цивили да го напуштат северниот дел на Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека Израел има поддршка од светските лидери и дека сега разбираат дека „Хамас е ИСИС (Исламска држава), а ИСИС е Хамас.

Тој рече дека Израел ќе истражи и ќе открие што се случило за време на нападот на Хамас на 7 октомври и дека сите ќе треба да дадат одговори, вклучително и тој самиот.

„Некој фрла илјада стрели во нашето раскрварено срце“

Тој ги повика Израелците ниту за момент да не ги заборават убиените во нападите на Хамас.

Loading...

„Ние се чувствуваме како некој да фрла илјадници стрели во нашето раскрварено срце“, рече Нетанјаху, додавајќи дека ќе прогласи ден на национална жалост во спомен на жртвите.

Тој рече и дека властите им помагаат на граѓаните „контролирано да пристапат до личното оружје“.

„Мојата улога е да ја водам оваа земја и нејзиниот народ до целосна победа над нашите непријатели. Ќе се бориме заедно и ќе победиме заедно“, рече Нетанјаху.