Израелските медиуми во понеделникот објавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги претставил своите услови за завршување на војната во Газа.
Loading...
Имено, израелскиот премиер наводно заговара планови за спроведување на „доброволна миграција“ на Палестинците во Газа во други земји.
Според израелскиот весник Хајом, Нетанјаху ова го рекол за време на затворена парламентарна седница со претставници на неговата владејачка партија Ликуд.
„Нашиот проблем се земјите кои се подготвени да ги примат и работиме на тоа“, рече Нетанјаху.
Палестинската страна се уште не го коментирала овој ултиматум.