„Нестле“ прави чоколадо кое ќе донесе револуција во прехрамбената индустрија

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Нестле“ пронашла начин да направи чоколадо без додавање шеќери, потпирајќи се исклучиво на остатоци од растението какао за засладување на темното чоколадо, затоа што потрошувачите се повеќе бараат природна и здрава храна.

Loading...

„Нестле“ со помош на посебна патентирана технологија ја претвора белата пулпа која ги прекрива зрната како во прав кои природно содржат шеќер. Досега пулпата никогаш не се користела како засладувач на чоколадо и претежно се фрлала.

Како што соопштиле од компанијата, оваа есен во Јапонија ќе започнат со производство на „Кит-Кет“ чоколадо со 70 отсто темно чоколадо по нов рецепт, кој не вклучува дополнителен шеќер.

– „Нестле“ би можел да го искористи истиот процес и за производство на млечно или бело чоколадо во иднина, рекол АЛександер вон Маилот, шеф на кондидарството во „Нестле“.

Индустријата за храна и пијалаци е под притисок на потрошувачите и владите кои бараат производство на поздрави производи при растечкото дебелење и стапка на дијабетес. Овој чекор на „Нестле“ може да помогне на компанијата да ја зацврсти лдиерската позиција во индустријата.

– Употребата на пулпата ова чоколадо го прави премиум чоколадо. Шеќерот е евтина состојка, рекол вон Маилот.

Новата 70 отсто чоколада на „Нестле“ ќе има дури 40 отсто помалку шеќери од поголемиот дел слични чоколади со дополнителен шеќер.

Image by Alexander Stein from Pixabay

Loading...

Leave a Reply