Белата куќа објави видео од Овалната соба во четврток на кое се гледаат евангелистичките верски водачи собрани околу американскиот претседател Доналд Трамп и се молат за него и за успехот на САД во војната против Иран.
Околу Трамп, кој седи на своето биро, се собраа 20 луѓе, а Том Малинс од Палм Бич Гарденс, Флорида, ја водеше молитвата.
„Се молам за ваша милост и ваша заштита над него. Се молам за ваша милост и ваша заштита над нашите војници и сите наши мажи и жени кои служат во нашите вооружени сили. И татко, ние само се молиме да продолжите да му ја давате на нашиот претседател силата што му е потребна за да ја води нашата нација додека се враќаме во една нација под Бога“, рече Малинс.
Како што пишува „Баптист њуз“, Ралф Рид од Коалицијата за вера и слобода го прикажа молитвениот состанок, како и барањето Божја поддршка за американските трупи во нивните напади врз Иран.
„Благодарен сум на претседателот Трамп за неговата храбра одлука да го нападне терористичкиот режим во Иран. Чест ми е да се молам за него и за нашите вооружени сили во Белата куќа. Нека Бог им подари победа и слобода на иранскиот народ“.
Во морето од коментари, многумина го фалат Доналд Трамп и неговото водство, но има и такви што го критикуваат.
Го нарекуваат педофил поради неговата врска со Џефри Епстин и ја критикуваат неговата последна војна.
„Не мислам дека Бог би одобрил започнување војна“, е еден од коментарите.
Други рекоа: „Губење време. Тој има резервирано место во ПЕКОЛОТ“.; „Мириса на култ“; „Добро, добро, сите ја добија пораката. Разбираме дека изгледа како Тајната вечера. Каков крвав театар. Оваа слика е бизарна и морничава. Воопшто не е природна“.; „Бог го мрази кога убиваш невини“.
Praying for President Trump in the name of Jesus this afternoon in the Oval Office. “For such a time as this.” Please pray for POTUS47. May God bless America! 🙏 🇺🇸 pic.twitter.com/Z9cletAWOI
— David Brody (@DBrodyReports) March 5, 2026

