НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО 2017 ГОДИНА: Вкупно 7 продолжени викенди

Сподели со своите пријатели

Во 2017та година може да очекуваме повеќе продолжени викенди во споредба со претходната година, па така од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, дури седум се поврзани со викенд, за разлика од 2016та година имаше само три породлжени викенди.

Првиот продолжен викенд веќе го празнувавме, а тоа беше 2 јануари, со оглед дека Нова година, односно 1 јануари како неработен ден се паѓа во недела истиот беше поместен за понеделник за повеќе уживање во новогодишните празници.

Нешто слично не очекува и за Велигден ан 17ти парил, но и за Денот на трудот – 1 Мај кои се паѓаат во понеделник. Продолжен викенд ќе има и во јуни, кога се празнува Рамазан Бајрам, кој се паѓа во недела на 25 јуни, но се префрла за понеделник.

Есента исто така носи неколку продолжени викенди. Денот на незавиноста – 8 Септември, како и „Св. Климент Охридски“ – 8 декември се паѓаат во петок, а продолжен викенд ќе има и поради Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври кој се паѓа во понеделник.

Неработни за сите граѓани се и 24 мај – Денот на сесловенските просветители, 2 август – Денот на Републиката и Денот на народното востание – 11 октомври, кои годинава се во среда.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмараат за големиот христијански празник Велигден бидејќи за нив освен понеделникот – 17 април, неработен ќе биде и петокот – 14 април. Продолжени викенди православните верници ќе имаат и за Бадник на 6 јануари – петок, за Духовден на 2 јуни – петок и за Успение на пресвета Богородица, кој годинава е во понеделник. Како неработен ден за православните верници е и Богојавление – Водици, кој е во четврток.

Годинава, православниот Велигден е во исти ден со католичкиот Велигден така што и верниците од католичка вероисповед ќе празнуваат на 17 април – понеделник. Граѓаните од католичка вероисповед ќе имаат уште еден продолжен викенд за католичкиот Божик, кој годинава е во понеделник. За католиците неработен е и Празникот на сите светци – 1 ноември кој е во среда.

Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе имаат продолжен викенд за Курбан Бајрам кој е на 1 септември во петок, додека албанската заедница ќе го слават како неработен ден и 22 ноември – Денот на албанската азбука, кој е во среда.

Припадниците на српската заедница годинава ќе имаат продолжен викенд за празникот Свети Сава кој е во петок на 27 јануари. Ромите ќе го слават Меѓународниот ден на Ромите во сабота на 8 април, додека припадниците на влашката заедница ќе празнуваат на 23 мај за Националниот ден на Власите, кој е во вторник.

За Еврејската заедница во Македонија неработен е првиот ден на Јом Кипур на 30 септември во сабота, додека Бошњачката заедница ќе го празнува 28 септември – четврток односно Меѓународниот ден на Бошњаците. Неработен ден за припадниците на турската заедница е Денот на наставата на турски јазик на 21 декември.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2017 година, неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:

• 01 јануари (недела), Нова Година, односно 02 јануари (понеделник) е неработен ден

• 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (понеделник), Ден на трудот,

• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден

• 02 август (среда), Ден на Републиката

• 8 септември (петок), Ден на независноста

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

• 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)

• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 02 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (среда), Празникот на сите светци

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

• 01 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:

• 27 јануари (петок), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:

• 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

• 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.