Непрописно паркираните кумановци добија опомени од Училишната сообраќајна единица (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возачите во Куманово кои денеска беа непрописно паркирани наместо казни добија опомени и тоа од Училишната сообраќајна единица која им подели прекршочен налог, но со едукативна цел.

 

 

Настанот беше дел од кампањата „Паркирај совесно“ и истата ја реализираа Секторот за внатрешни работи Куманово, Општина Куманово и Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

 

 

– Кампањата „Паркирај совесно“ е од превентивен карактер пред се во пресрет на новогодишните и божиќните празници и кога имаме зголемен број на ученици во сообраќајот и возила и пешаци, со тоа што наши сограѓани доаѓаат кои што се на привремена работа во странство и има поголем метеж во сообраќајот, не почитување на сообраќајни правила и прописи меѓутоа како најголем проблем е непрописно паркирање и застанување, односно нашите навики дека до дуќан треба да застанеме, да влеземе да пазариме и натаму да продолжиме, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција при СВР Куманово.

 

 

Целта на оваа акција, како што појасни Богдановска, е јакнење на свеста кај сите учесници во сообраќајот за правилно и прописно паркирање.

– На секое возило кое е неправилно паркирано се земаат податоци се врши проверка чија сопственост е и ако сопственикот не е тука се остава на возилото, ова е нешто исто како прекршочен платен налог, меѓутоа е од превентивен карактер со совети дека нема да биде казнет учесникот во сообраќајот овој пат туку му се укажува понатаму да даде придонес за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Доколку возачот на тоа возило е тука исто учениците му укажуваат на поголема безбедност во сообраќајот, појасни Богдановска.

 

 

Покрај опомените, непрописно паркираните денеска добија и честита за Нова година со сообраќајни совети.

 

 

– Сега е нова година се врачуваат и честитки за среќна и безбедна 2021 со повеќе совети, инаку во наредниот период ќе има уште кампањи и поголемо присуство на наши полициски службеници, кои ќе влијаат превентивно со укажување да имаме поголема безбедност и проток на сообраќајот, а за оние несовесни ќе се поднесуваат и прекршочни платни налози. Согласно новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата со преземање на мерки согласно новите одредби ќе се започне од денеска, изјави Богдановска.

 

 

Дел од акцијата беше и Општина Куманово, која заедно со Отсекот за превенција годинава реализираше повеќе проекти.

– Ако имаме предвид дека се движат новогодишните празници, често пати се наоѓаме во ситуација каде улиците се блокирани од непрописно паркирани возила и со цел да апелираме дека колку поодговорно и совесно се паркираат возилата на обележани паркинг места, толку помала ќе биде гужвата во сообраќајот додека се управува патничко моторно возило, рече Бојан Петковски од Општина Куманово.

 

 

Годината што изминува, надлежните, ја оценуваат како успешна во превенцијата, а за тоа говори и фактот на намалени сообраќајни незгоди со жртви, а реализирани се и зголеме број едукативни кампањи и покрај пандемијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply