Вчеравечер околу 22,00 часот во Куманово на ул.„Драги Шутевски“ во куќа сопственост на Р.С. (65) кој живее на истата улица , непознат сторител со запалива течност ја испрскал влезната врата од куќата и ја запалил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната против пожарна единица од Куманово.По наредба на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од крим техника.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.