Судијката Татјана Михајлова, в.д. претседателка на Освнониот суд Скопје 1 направи нов годишен распоред на судии, со што искусни судии ки де сега позитивно одговориле на барањата на Специјалното јавно обвинителство за претрес, биле преместени во судот за прекршоци.
Меѓу прераспределените имало и судии кои работеле на големи случаи за кривични дела, кои сега ќе работат на прекршочни предмети.
Критичарите сметаат дека станува збор за пресмета со десетина непослушни судии, а дел од нив вчера добиле известување дека треба да се преселат. Преместена е и судијката Весна Димишкова, која издала наредба за претрес во алучајот на СЈО „Тврдина“ (станот на Коста Крпач) и потпишала налог за претрес во УБК.
Судијката Славица Андреевска која определи притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески и која издаде налози за предметот Трезор, е ставена да води предмети според стариот Закон за кривична постапка, со цел никако да не дојде во контакт со предмети на СЈО, велат наши извори.
Најголемиот дел од преместените судии биле потписници на петицијата против довчерашниот претседател на судот Владимир Панчевски. Тој сега е судија во одделот за организиран криминал, каде што се судат предметите на СЈО, пренесува порталот МКД.МК.