Неофицијални резултати од изборите во Куманово до 21:30 часот

Сподели со своите пријатели

Според неофицијалните информации на СДСМ тесна е и натаму разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово.

Според статистиката на партијата во 21:30 часот од обработени 119 избирачки места од вкупно 149 во Општина Куманово, ВМРО-ДПМНЕ има 15.264 гласови, додека СДСМ овид со 16.642.

Според досегашните податоци на СДСМ, водат со 3.000 гласови и ќе освојат 9 пратеници во втората изборна единица, додека АЛбанците ќе освојат само 2 пратеника.

Пред штабот на СДСМ има огромен број симпатизери кои ги следат резултатите во живо, додека сајтот на Државната изборна комисија е надвор од фунцкија.

Според податоците од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во моментов тие имаат 14.700 гласови, додека СДСМ води со 16.000 гласови, според 75% од досегашните обработени гласови.

Со 3.664 гласови води БЕСА пред ДУИ која има 2.492, додека ДПА има 1.641 глас.