Некои чекаат нов асфалт со години, дури и децении. И кога ќе пристигне, не трае долго.
Видеото објавено на Редит покажува само асфалтиран пат. И додека асфалтот сеуште не беше изладен, еден возач на мала Хонда одлучи да вози по таа улица. Нетрпеливиот возач на Хонда Џез најверојатно мислел дека асфалтот е доволно стегнат, но погрешил. Сеуште не е познато зошто продолжил да вози и со тоа направил многу поголема штета.
Добрата работа во сето тоа е што го заштити подот на возилото бесплатно. Шегата настрана, овој феномен е многу почест отколку што мислите. Така барем тврдат градежните работници во коментарите на видеото. Да потсетиме, за време на асфалтирање се нанесува мешавина на температури до 250 степени Целзиусови, па затоа е потребно долго да се чека подлогата да биде подготвена за употреба.