Необична појава во морето кај Грција: Сите се прашуваат што откри мапата на Гугл (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Необичен предмет е откриен на мапата на Гугл во морето кај Грција, но никој не знае што всушност е. Видеото е објавено на порталот Disclose.tv, а корисникот кој го објави тврди дека се работи за објект со вкупна должина од 67 метри.

Loading...

Станува збор за феномен во морето кој има кружен облик со помал круг во средината, а кој може да се забележи во близина на грчкиот регион Солун.

– Овој неидентификуван потонат објект се наоѓа во Егејското Море во близина на брегот на Грција на координати 40°27’4,62″ 22°51’39,78″ за да можете сами да проверите. Го измерив со линијар на Google Earth и се работи за објект долг 67 метри – се слуша на видеото.

Веднаш почнаа шпекулации за што се работи. Некои мислат дека е поранешен светилник, додека други мислат дека повеќе личи на вулкански кратер. – Ова е чудно. Сè наоколу изгледа длабоко. Ништо во областа не изгледа како овој објект.

Неговата форма е исто така премногу симетрична. Има пристаниште кое е на север. Дали може да биде поврзано со ова? – праша еден корисник на интернет кој го гледал видеото. Со оглед на тоа колку е блиску до брегот, изненадувачки е што досега никој не го забележал овој феномен.

Она што со сигурност може да се каже е дека овој феномен ќе биде особено интересен за теоретичарите на заговор кои многу брзо ќе ни „откријат“ за што всушност се работи.

 

Loading...