Еден хотел во Велика Британија им нуди на своите гости необично искуство, а тоа е хранење жирафи.
Хотелот и резерватот Port Lympne е луксузен хотел лоциран во Хајт, Кент, Велика Британија, кој ќе биде подготвен да ги прими гостите следното лето.
View this post on Instagram
Покрај интересните имиња за сите 8 сместувачки единици, претежно според познати луѓе кои престојувале во нив во одреден момент, хотелот може да се пофали и со висока категоризација: има 4 sвезди.
View this post on Instagram
Ветува одлично искуство и нуди нешто невообичаено, а тоа е дружење со жирафи. Резервациите веќе се прифаќаат, а досега има повеќе од 9.000.
View this post on Instagram
Хотелот е дел од резерватот и има 10 соби и пет луксузни колиби. Животни како жирафи, носорози, горили, лавови лутаат по имотот. Тие ќе имаат свои патеки што ќе минуваат покрај прозорците на хотелските соби. Објектот наречен Giraffe Hall ќе им овозможи на гостите да уживаат во пијалак и поглед кон паркот.
View this post on Instagram
Цените се движат од 239 до 1.750 фунти за една ноќ.
Апсолутно целиот приход остварен за сместување се користи за подобрување на работата на самиот сафари парк.
View this post on Instagram
Најскапа е Lion Lodge, со прозорци со поглед на лавовското дувло. Лавица и две младенчиња живеат во дувлото.
View this post on Instagram