Ненад Краљевски ќе го предводи ЖРК Куманово за двојната круна

Сподели со своите пријатели

Ненад Краљевски е новиот тренер на Женскиот ракометен клуб Куманово кој ќе се обиде составот да го однесе до двојна круна сезонава во Првата лига и Купот на Македонија.

Loading...

Краљевски е пред голем предизвик со оглед дека Куманово е на втората позиција во табелата, веднаш зад Металург, од кој ги делат само пет бодови.

Краљевски доаѓа од клубот на белградски Јуниор, со една јасна цел двојна круна за Куманово и најголем успех во клупската историја на градот.

Своето деби тренерот со кумановки ќе го има веќе во недела кога во 19 часот ќе ги одмерат силите против ЖРК Стружанка. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Leave a Reply