Поддржувачите на Израел и пропалестинските демонстранти се судрија на протестот пред синагогата во Лос Анџелес, пишува The Times of Israel (TOI).
Конфликтот избувна кога голем број поддржувачи на палестинската страна во конфликтот во Газа одржаа протести пред синагогата Адас Тора во американскиот град.
Видеата на социјалните мрежи покажаа дека полицијата се обидува да интервенира меѓу двете страни, пред да го прогласи собирот за незаконски и да ја расчисти областа околу синагогата.
Иако ниту еден демонстрант не остана пред синагогата, тие продолжија да се судираат во близина на верскиот објект, според ТОИ.
The mob protested outside a synagogue in Los Angeles. Your periodic reminder that Israel is not running its war from an LA synagogue or any American synagogue for that matter.
The mob chose a synagogue for no other reason than to intimidate and harass Jews. pic.twitter.com/BtiMQ7P0Qr
— Aviva Klompas (@AvivaKlompas) June 23, 2024