„Немаме повеќе места за телата“: Во САД повторно зголемена смртност поради ковид

Сподели со своите пријатели

Бројот на починати од починати коронавирусот се зголеми во 42 американски држави во текот на минатата недела. Ширењето на делта сојот ги загрижи службениците, па многу болници ги прошируваат своите капацитети, а лекарите се плашат од сценариото што ги очекува наесен.

Во дури 14 федерални држави, бројот на смртни случаи минатата недела се зголеми за 50 проценти, додека другите држави забележаа раст од 10 проценти, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во Алабама, која во моментов е најтешко погодена, има сѐ повеќе пациенти на кои им е потребен болнички третман, а службениците беа принудени да активираат мобилни фрижидери за чување на телата, бидејќи секој ден има сѐ повеќе смртни случаи, пренесува Си – Ен – Ен.

За прв пат од почетокот на пандемијата, се користат два од четирите фрижидери со кои располага Алабама.

– Имаме фрижидери во случај на страшни несреќи, кога имате голем број жртви одеднаш. Тоа е она што се случува сега во болниците во Алабама. Многу луѓе умираат и немаме каде да ги складираме телата. Ситуацијата е навистина тешка. Не знам колку долго ќе издржиме – рече д -р Скот Крис.

Тој рече дека Алабама регистрирала 50 смртни случаи само во четвртокот, и дека бројот на смртни случаи е двојно зголемен во последните две до три недели.

И децата се разболуваат

Околу 5.571 случаи на болеста кај децата се регистрирани во Алабама минатата недела, а сѐ уште не е јасно како се заразиле.

Харис наведува дека има зголемување на бројот на детски случаи од минатата година. Според него, од 2.879 хоспитализирани, 45 се деца, а пет од нив се на апарати за дишење.

Во Луизијана, ситуацијата „малку се смирува“. Тие забележаа пад на бројот на пациенти од 20% во последните десет дена. Ова ги утешува службениците, бидејќи ураганот скоро ги погоди, и тие не можат да ги евакуираат болниците.

Во Луизијана има 475 пациенти на респиратор, и според гувернерот Џон Бел Едвардс, се вршат проверки на агрегатите, а резервите се надополнуваат за да нема проблеми кога ќе пристигне бурата.

– Ова ќе биде предизвик, и ни треба помош за болниците да го истуркаат ова. Згора на сето ова, многу веројатно ќе имаме луѓе повредени во невремето, и мора да бидеме подготвени за прием во болниците – рече гувернерот, пренесува Телеграф.

На југ, снабдувањето со кислород е минимално

Многу болници низ САД се соочуваат со недостаток на персонал и слободни кревети, а во јужните држави има уште еден сериозен проблем – недостаток на кислород.

Здравствените власти велат дека неколку болници во Јужна Каролина, Тексас, Луизијана и Флорида немаат доволно кислород. Некои користат резерви, а некаде речиси и да ги немаат.

– Како што се развива ковидот, така моравме да се развиваме и управуваме, а порано ги стававме пациентите на голем проток на кислород, наместо на респиратор – вели Дона Крос, директорка на компанијата Премиер, која се занимава со подобрување на здравствениот систем.

Таа наведува за Си – Ен – Ен дека зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од ковид, доведе до поголема побарувачка за кислород, бидејќи многу болници трошат огромни количини.

Вирусот брзо се шири

Сите 50 држави бележат висок процент на пренос, особено откако децата се враќаат на училиште, според податоците од Центрите за контрола и превенција на болести.

Податоците покажуваат дека половина од државите вакцинирале најмалку 50 проценти од населението со двете дози. Меѓу нив се Калифорнија, Колорадо, Делавер, Њу Џерси, Њујорк…

Во целата земја, околу 32 проценти од населението на возраст од 12 до 17 години ги примиле двете дози на вакцината, а околу 86 проценти ја примиле првата доза.

Експертите се надеваат дека поголем процент од вакцинациите ќе влијаат на преносот на инфекцијата и ќе ги намалат трагичните исходи.

Сѐ повеќе заразени ученици

Враќањето на училиште им донесе главоболка на многу службеници бидејќи многу голем број ученици се заразија со корона вирусот.

Превентивни мерки, како што е карантин, се применуваат во речиси сите федерални држави.

Во Мисисипи, само речиси 29.000 студенти беа ставени во карантин помеѓу 16 и 20 август, поради можна изложеност на корона вирусот, додека тој број беше нешто повеќе од 20.000 помеѓу 9 и 13 август.

Од почетокот на август, 2.383 случаи се регистрирани во Мисисипи кај вработените, и 11.766 кај ученици.

Во Калифорнија, во Лос Анџелес, синдикатот на училишта објави во петокот 2.847 заразени меѓу учениците и вработените. Како што е наведено, од вторникот, 3.000 ученици и 500 вработени во училиштата мораа да отидат во изолација, а истиот број мораше да оди во карантин.

– Очекуваме дека бројките ќе продолжат да растат додека отвораме училишта, но ние продолжуваме да работиме на превенција, да ја следиме ситуацијата и да реагираме во согласност со ситуацијата – рече д-р Барбара Ферер, директор на Институтот за јавно здравје на округот Лос Анџелес.

И додека бројките се очекува да растат понатаму, некои болници веќе ги одложуваат операциите за да направат простор за пациентите со ковид.