Нема сеча на шума кај водопадот во Длабочица, но некој го сменил течението на речното корито

Сподели со своите пријатели

Дрвја кај водопадот во селото Длабочица нема да се сечат, велат од кумановската подружница на „Македонски шуми“, откако денеска планинари од кумановско реагираа дека се уништува шума во овој предел.

Loading...

ЗПЗП ,,Козјак 2013″ и ПД ,,Куманово” со остра реакција за уништувањето на шумата во Длабочица (ФОТО)

И од општина Старо Нагоричане и од Државниот инспекторат за шумарство или ловство Скопје РЕ Крива Паланка потврдуваат дека претпријатието не извршило сеча во тој дел, ниту за свои, ниту за потреби на приватни сопственици.

Сепак, двете институции потврдија дека на терен имало градежна машина која работела кај водопадот и го сменила токот на речното корито.

Општинскиот инспектор за комунални работи, Часлав Максимовсиќ, информираше дека денеска заедно со градоначалникот Жаклина Јовановска, по добиено известуавње од планинарите го посетиле селото Длабочица и утврдиле дека општината нема дадено дозвола и никој досега не побарал од нив дозвола да вршат некакви дејства.

– Утврдивме дека има багер која работи кај водопадите и дека е пореметено течението. Не знаеме чија емашината, но пореметено е течението, изјави Максимовиќ.

И од Работната единица Крива Паланка од Државниот Инспекторат потврдуваат дека излегле на терен по дојавата на планинарите.

Инспекторот Благе Митевски појасни дека „Македонски шуми“ не работат на тој дел, дека немаат своја градежна машина која работи за нивни или потреби на привтани сопственици на шуми. Тој потврди дека кај нив е стигната информација дека се работи со машина кај водопадот.

Loading...

Директорот на кумановската подружница Луан Бајрами, за МИА, изјави дека нема да вршат сеча кај водопадите и дека сеча се врши исклучиво според план.

Leave a Reply