Нема опасност од излевање на браните Глажња и Липково

Сподели со своите пријатели

Водостојот во браните Глажња и Липково не претставува опасност за излевање. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи до сега нема регистрирано проблеми со вештачките акумулации, а има уште десетина метри простор до дозволеното.

Како што информирале надлежните и да дојде до зголемување нема да има поголеми проблеми и покрај врнежливото време во изминатите два дена и наглото топење на снегот од повисоките планински места.

Стабилна е и ситуацијата со речните текови во кумановско, кои иако имаат покачен водостој сепак не претставуваат закана од излевање.

 

Loading...