Нема надеж за преживеани во авионската несреќа во Непал

Сподели со своите пријатели

Нема надеж да се најдат преживеани од падот на авионот со 72 патници во Непал, изјави висок локален функционер.

Loading...

„Досега најдовме 68 тела. Бараме уште четири тела… Се молиме за чудо, но има „нула надеж“ дека ќе најдеме некој жив“, изјави Тек Бахадур КЦ, началник на квартот Такси каде се урна авионот вчера.

Спасувачките екипи утрово ја продолжија потрагата по жртвите во авионската несреќа која беше прекината во текот на ноќта.

Авион ATR72 на Yeti Airlines падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара.

Остатоците од авионот и расфрланите парчиња багаж се во длабоката провалија каде паднал авионот при слетувањето на новоотворениот меѓународен аеродром во градот Покара. Тој аеродром беше отворен на 1 јануари.

Потрагата, во која учествуваше војската и многу локални жители, беше отежната поради пожарот и густиот чад.

Во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот, изјави претходно за АФП претставникот на авиокомпанијата.

Меѓу патниците имало и 15 странски државјани – пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по еден од Ирска, Австралија, Аргентина и Франција.

Loading...