Затворениците во Шведска биле незадоволни од квалитетот на тоалетната хартија во затворот и затоа се обратиле до народниот правобранител да им го реши проблемот.
Како наведува шведската телевизија „SVT“ во прашање се затвореници од затворот „Салберг“ кој се наоѓа во близина на градот Вастерас.
Освен што е со лош квалитет тие тврдат дека наводно немаат доволно хартија на располагање. Во жалбата до омбудсманот навеле дека тоалетната хартија е тврда и непријатна.
Претходно самите по потреба можеле да си земаат тоалетна хартија, додека сега затвореник неделно добива по две пакувања, пренесува Анадолија.
Затворениците од истиот затвор веќе се жалиле минатата година до народниот правобранител дека немаат доволно часови на гитара и цртање.