Нема да се наплаќа паркинг во Куманово, дел од пазарот се затвора

Сподели со своите пријатели

Јавните претпријатија на подрачјето на Општина Куманово од денеска остануваат без дел од своите основни функции, информираше денеска на прес конференција градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Согласно одлуките донесени на шестиот по ред состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од утре нема да се наплаќа паркинг на територијата на градот, а дел од градскиот пазар ќе се затвори.

Сите вработени во овие јавни претпријатија, заедно со оние од „Водовод“ ќе се приклучат на „Чистота и зеленило“ во спроведување на опсежна дезинфекција на Куманово.

– На локално ниво, јавното претпријатие „Куманово паркинг“ ќе престане со вршење на својата основна дејност и веќе од утре нема услуга за паркирање и вработените во јавното претпријатие ќе се стават во функција на методата која ја спроведуваме за дезинфекција заедно со ЈП „Чистота и зеленило“ за да го покачиме човечкиот капацитет.  Јавното претпријатие „Пазаришта“ во Куманово од утре има обврска да ги затвори второто и третото ниво на градскиот пазар каде се продаваат текстил и други производи и да останат функционални само зелените пазари за продажба на храна и други прехрамбени производи. Остатокот од човечкиот потенцијал од оваа претпријатие исто така ќе се стави во функција на дезинфекцијата што ја работиме 24 часа постојано, рече Димитриевски.

Како што појасни градоначалникот, сите вработени во Јавното претпријатие „Водовод“ кои нема да бидат ангажирани во вршење работни активности исто така ќе се стават во функција на дезинфекцијата со цел превенција од ширење на коронавирусот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply